Онлајн фотографски услуги со попуст

За Фото студио 5

              Дигитал Фото Студио 5 е реномиран и Ваш долгогодишен пријател во светот на фотографијата. Нашите заложби се во цел да излеземе во пресрет на Вашите желби и потреби за квалитет и професионалност.

              Почнавме со работа од 1985. Од година во година, вложувањето и развојот се наш приоритет. Може да се каже дека последните десет години вртиме една целосно нова страница на нашата дејност. Компјутерите се дел од нашите домови, училишта, работни места, ... дигиталните фотоапарати и камери ги заменија класичните фотоапарати со филм и видео камери и истите ги користиме секој ден во се поголем број. Со нивниот развој се развива и технологијата за изработка на дигиталната фотографија и видео, со која може да се изработуваат фотографии со врвен квалитет од сите Ваши донесени медиуми.

 

                                    

             

               Вашите снимени фотографии може да ги донесете на мемориски картички, CD, USB, Flash, негатив и истите ќе бидат изработени со најдобар квалитет и димензии до формат 30x90 cm. Сите видови семејни веселби, презентации, семинари...ги снимаме и монтираме со професионална опрема.

 

               

             

Нашето фото студио со желбa за што подобар квалитет на фотографиите однеодамна ја користи во Македонија единствената и високопрофесионалната машина за изработка на фотогафии Frontier LP-7500.

Со задоволство ќе Ви ги презентираме сите поволности кои можете да ги добиете доколку се одлучите за користење на нашите услуги.

 

                                     

 

 

 

 

]